Важните моменти од мојот живот се поврзани со тимот на ФУЛМ!

marija Приказни за месец Август

Иванка Гвозден, Скопје

Никогаш нема да го заборавам летото 2009 година, кога добивме 2 внучиња, едното во Скопје, а другото во Чикаго, Америка. Бевме пресреќни, но и материјално немоќни, кога не повикаа да одиме и да го почуваме бебенцето во Америка.

За мене и сопругот тоа беше крупна работа: авионска карта, виза…, а желбата преголема…

Едно утро, со Валентина, која работеше во продавница на мојата улица, пиејќи кафе, и кажав за мојата ситуација… Топло ми препорача да одам во филијалата во Aеродром на Штедилница ФУЛМ.

Наредниот ден веќе бев таму, љубезно бев примена и ми беше објаснето што треба да направам да аплицирам за кредит. За неколку дена ме повикаа, кредитот ми беше одобрен, а мене ми се оствари желбата и благодарение на ФУЛМ заминав за Чикаго да си ги чувам внучињата, посебно бебето. Кога се вратив ги зголемивме уплатите и го исплативме кредитот предвреме.  Вработените беа толку љубезни што ние си доаѓавме за уплати во филијалата во Аеродром иако живеевме во Центар.

Во 2012 година ФУЛМ повторно ми помогна и кога ми се разболе сопругот, а по кратко боледување и почина. Раководителката Марија, по брза постапка, заедно со тимот вработени, ми овозможија да подигнам кредит и достоинствено да го испратам сопругот.

По неколку години во станот требаше да сменам радијатори и да поставам надворешна врата со сигурносни брави, бидејќи бев сама, ме очекуваше кречење и одлучив повторно да се обратам кај моите, веќе можам слободно да ги наречам пријатели. И овој пат Штедилница ФУЛМ ми излезе во пресрет.

Летово им ветив на моите сакани внучиња Искра и Ирина, дека кога ќе се реновира нивната детска соба, баба ќе учествува. Повторно, со убави мисли отидов во ФУЛМ, си велев и дедо ќе го стореше истото за нив, се надевав на позитивен одговор и така и беше. Ги видов истите насмеани лица, човечкиот однос некогаш е позначаен од се. Јас веќе стареам, но моето пријателство со ФУЛМ со радост го споделувам и пренесувам на помладите и блиските мои пријатели и роднини.

Моите важни моменти од мојот живот беа и сеуште се поврзани со Вас, драги мои. Мислам на целиот тим од Штедилница ФУЛМ.
Ви благодарам што Ве запознав, Ви благодарам што ми дадовте шанса, Ви благодарам за професионалноста!

Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање