ДОБИТНИК НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА 2023 ГОДИНА

Бојана Башовска Настани и Промоции

Image
Секоја година на Mеѓународниот ден на студентите 17-ти Ноември доделуваме студентска стипендија од фондот ДЕФ (DEF – Drew Egan Fond), a ја доделуваат:
Здружението на граѓани ФУЛМ, ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House, член на Светскиот совет на Кредитни унии (World Council of Credit Unions), во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (Michigan Credit Union League & Affiliates, USA).
Оваа година за првпат се користеше и  вештачка интелигенција при подготовка на решенијата. Темата на која студентите предложуваа решенија гласеше:   Користи AI (Вештачка интелигенција) за намалување на загадувањето  на воздухот
Во процесот на одлучување, беше вклучен во комисија и проф. д.р Светислав Крстиќ - Редовен професор од катедрата за биологија на ПМФ и нашата минатогодишна добитничка на стипендија Симона Крстева кои одбраа за 2023 година еден стипендист со најдобро предложено решение и уште три студенти  ги наградивме за нивното учество со второ, трето и четврто најдобро решение.
Па така, чест ни е и задоволство да ги објавиме ПОБЕДНИЦИТЕ:
1. Мартина Вељовска од Скопје, студент на ФИНКИ- добитник на стипендија.
2. Аце Ѓорѓиевски од Скопје, студент на ФИНКИ- второ најдобро решение.
3. Елена Колевска од Охрид, студент на ФИНКИ- трето најдобро решение.
4.Владимир Новески, студент на Машински факултет- четврто најдобро решение.
 На победниците им честитаме!
🍀Веруваме дека оваа идеја нема да остане само запишана некаде, туку ќе се работи кон нејзина реализација, и интеграција во нашето општество се со цел да имаме почиста и поздрава околина за сите идни генерации.
👩‍🎓🧑‍🎓Нека е честит денот на студентите 17 ноември.