Го завршив реновирањето на куќата навреме и ја дочекавме снашката како што треба!

marija Приказни за месец Јули

Киро Спиров, Скопје

Јас сум меѓу првите членови штедачи во ФУЛМ. Долго време ја користев услугата за штедење од плата (доброволен влог) и секогаш ми остануваа екстра заштедени пари за на летување, регистрација на кола и слично. Пред извесно време, синот ми соопшти радосна вест дека решил да се жени и пријатно ме изненади. Тоа беше дополнителна причина да побрзам со реновирање на горниот спрат од куќата, предвиден за младите, но ми недостигаа пари за довршување на купатилото и уште некои детали. Веднаш се сетив на ФУЛМ и дека Вие постоите за да ни помогнете кога најмногу ни треба. Се обратив во филијалата ЈСП во Автокоманда и како и секогаш, ме услуживте брзо и ефикасно. За само два дена ми беше одобрен кредитот, а јас стигнав навреме да го завршам реновирањето на купатилото и спратот, за да ја дочекаме снашката како што треба.

Навистина Ви благодарам, што секогаш сте тука за нас!

Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање