Како оди подготовката на зимниците ?

Филип Неделковски Настани и Промоции

🌶 Пријатели, како оди подготовката на зимниците?
Нашите колешки и колегата од филијалата во Струмица го споделуват со вас овој супер рецепт за подготовка на Ајвар
Потребни состојки:
30 кг. Црвени пиперки за ајвар
30 Модри патлиџани
3 литри зејтин
Сол по вкус, околу 200 гр.
Луто по вкус, 5-6 лути пиперки
Подготовка:
Пиперките и модрите патлиџани убаво се мијат, се печат, се лупат и се ставаат во цедилка за убаво да се исцеди водата. Потоа се мелат со машинка за мелење и се ставаат во тава да се пржат. Полека, постепено се додаваат 3-те литри зејтин, солта и лутите пиперки. Се меша постојано, додека да се соединат состојките и додека да се испржи убаво. Потребното време за пржење е околу 3 саати. Потоа се полни во тегли, се затвараат и се вакумираат во рерна на 100 степени. Така ајварот е подготвен за јадење сега и за во зима.
Пријатен апетит