Најголема радост! Услови за новиот член на нашето семејство

marija Приказни за месец Јуни

Гордана Сидовска, Скопје

Најголема радост за секој родител е да ги гледа успесите на своите деца и да ги поддржува во тоа што го прават. Тоа секако, подразбираше еден ден, да можам да им изградам и сопствен дом, за да можат брачниот живот да го живеат самостојно.

Во ноември 2016 година направивме свадба за помалиот син. Колку и да правевме математики, со нашите приходи, јасно беше дека нема да имаме доволно средства за да обезбедиме услови за нов дом за децата – доградба на куќата. Tогаш дознавме и една многу радосна вест – бебе во фамилијата Сидовски. И тука започна вистинска авантура. Во еден момент ме фати паника дека нема да го пречекаме бебето онака како што замислувавме. На лицата на снаата и синот забележував грижа. Не смеев како родител да си дозволам такво нешто и веднаш почнав да барам решение.

Едно утро со колешките на работа, додека го пиевме кафето, им раскажував за својата мака. Така замислена и растажена, само слушнав во позадина: „Ајде Горде не е крај на Светот. Оди во ФУЛМ, тие сигурно ќе ти помогнат“. Морам да признаам, кога видов колку малку документација е потребно, некако ми се олесни. Немаше потреба од дополнителни нервози за средување документи.

Додека чекав на одобрување на кредитот и мислев дека два дена траат вечност. Како да ми ги слушнаа мислите, вработените во Филијалата на Штедилница ФУЛМ во Аеродром, истиот ден ми се јавија со најубава вест дека кредитот ми е одобрен. На среќата ѝ немаше крај. Уште истиот ден, почнавме со работа. Во домот на Сидовски се работеше со полн ек.

Душата ми се врати на место. Благодарение на ФУЛМ, сепак успеавме да обезбедиме пристојни услови за новиот член на нашето семејство – мојот внук. Сè испадна онака како што замислував.

Многу сме благодарни на ФУЛМ, за коректноста, љубезноста и брзината.

Пресреќната бабичка Гордана

Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање