Натпревар за студентска стипендија на ФУЛМ&ДЕФ 2021

marija Настани и Промоции

Image

Во каква Македонија би сакале да живеете?

Доколку имате можност, што би промениле? Што би направиле?

Напишете ја вашата визија за Македонија како земја во која среќно се живее.

И освојте студентска стипендија!

 

Кој може да учествува?

Сите студенти од сите универзитети во земјава и во странство (македонски државјани)

 

Што е потребно за да се учествува?

Да напишете краток есеј за вашата визија за РС Македонија како земја во која среќно се живее

 

Што добива победникот?

Паричен износ во висина на трошоците за една студиска година и штедна книшка од ФУЛМ со 600 денари членски депозит.

Студентската стипендија се доделува од фондот ДЕФ (DEF – Drew Egan Fond) a ја доделуваат: Здружението на граѓани ФУЛМ, Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, член на Светскиот совет на Кредитни унии (World Council of Credit unions) во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (MCUL, USA).

 

Временски рок на натпреварот?

Натпреварот ќе трае од 15.9. до 7.11.2021 година

 

Кога ќе биде доделувањето?

На 17 ноември – Меѓународниот ден на студентите

 

Како да се учествува?

Со пополнување на формата на „Гугл“ на овој линк, во која треба да се напише и есејот, којшто треба да биде во големина од 250 до 500 зборови


ФУЛМ Македонија, во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (MCUL, USA), во 2014 година го основаа Фондот за студентска стипендија ДЕФ, заради поддршка на едукацијата на младите луѓе во РС Македонија