Штедилница ФУЛМ прва и единствена финансиска институција во РСМ со добиен сертификат за усогласеност со Европскиот код на добро однесување при микрокредитирање од Европската комисија

Филип Неделковски Настани и Промоции

Пресреќни сме што на крај од оваа година со вас споделуваме прекрасни вести!

Штедилница ФУЛМ стана прва и единствена финансиска институција во РСМ која доби СЕРТИФИКАТ ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО ЕВРОПСКИОТ КОД НА ДОБРО ОДНЕСУВАЊЕ ПРИ МИКРОКРЕДИТИРАЊЕ од Европската комисија, Дирекција „Вработување, социјални односи“

Ова признание е круна на успехот на нашата макотрпна работа во изминативе 21 година под мотото “ЛУЃЕ КОИ ПОМАГААТ НА ЛУЃЕ”, но и признание дека Штедилница ФУЛМ е РАЗЛИЧНА ОД ДРУГИТЕ!

Ви благодариме на сите што сте дел од овој заеднички успех! Продолжуваме и понатаму заедно. Затоа што само ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ!

Повеќе информации на следниот линк
https://www.fulm.com.mk/easi-page/