Топ 8 чекори кон подобро управување со Вашите пари во новата 2021 година

Филип Неделковски Настани и Промоции

Годината која веќе е зад нас, меѓудруго нe’ научи и дека непредвидливи работи се случуваат и дека менаџирањето на финансиите е многу важно за полесно да ги надминеме предизвиците кои ги носат вонредните времиња.

Се надеваме дека ќе имаме подобра година, а ова е нашиот совет со ТОП 8 чекори кон подобро управување со Вашите финансии.

  1. Кои се Вашите приоритети?

Пред да направите било какво планирање на буџетот, потребно е да ги поставите Вашите приоритети.

Највисоко на листата ставете ги работите кои Ви се најважни, додека работите кои не Ви се приоритет може да ги минимизирате или отстраните за да заштедите максимално за Вашите топ приоритети. Можеби Вашиот топ приоритет оваа година е да го реновирате домот или да воспоставите фонд за итни случаи за да не бидете „фатени во небрано“ кога на Вашиот автомобил ќе му треба ремонт на моторот.

Сите трошоци за останатите неприоритетни работи како купување брендирана облека или најновиот модел на мобилен телефон минимизирајте ги или отстраните ги.

  1. Колкав е Вашиот месечниот буџет?

Направете пресметка колкави се Вашите месечни приходи. На месечната нето плата додадете доколку имате дополнителни приходи.Како на пример заработки од сопствено производство и продажбата на земјоделски производи. Додадете ги сите дополнителни месечен приходи за да го комплетирате месечниот буџет.

  1. На што најмногу ги трошите Вашите пари?

Ова можеби е најдосадната работа која треба да ја направите. Соберете ги на едно место сметките за домаќинство, сметките за храна, извештаите од трошоците направени од кредитните картички. Време е да пресметате каде најмногу Ви “oдат” парите.Направете категории како “Потреби”, “Желби”, “Задоволства”, “Заштеди” и “Долгови”. Потоа распределете ги месечните трошоци според овие категории. Можеби и ќе се изненадите од висината на трошоците за некоја категорија. На пример колку од Вашиот месечен буџет трошите на задоволства или колку пари од буџетот се одлеваат за покривате месечните долгови.

  1. Направете план како да ги реализирате приоритетите

Сега кога ги знаете Вашите приоритети, буџет и каде најмногу ги трошите Вашите пари, време е да направите план како да ги реализирате приоритетите за новата 2021 година.

Можеби Вашата пасија е фотографијата и од Вашиот буџет трошите значително за фото-објективи, филтри, книги или фотографска опрема, но во исто време сакате и да воспоставите фонд за “итни случаи”. Па за да ги реализирате Вашите приоритети ќе треба да направите план за намалување на трошоците кои не се поврзани со нив. Како на пример купување на половна фотографска опрема, поретко да одите на шопинг или почесто да готвите, наместо да нарачувате готова храна.

Добра тактика е да воспоставите месечен доброволен депозит каде од Вашата плата автоматски ќе се префрла одредена сума на пари на Вашиот депозит. Така на тој дел од платата веќе нема да може да сметате за трошење во текот на месецот.

  1. Држете се до планот

Потребно е време за да некој план биде успешен. Започнете денес, но не очекувајте резултати утре. Дадете си време себеси еден или повеќе месеци. Откако ќе реализирате еден приоритет мотивацијата да продолжите да се држите до планот се зголемува.

  1. Држете се до планот, но бидете флексибилни.

Животот е непредвидлив и некогаш се случуваат работи за кои итно ни требаат пари.

Можеби ни’ е потребна итна медицинска интервенција или сме загубиле работа и сега итно ни’ требаа финансиски средства..Затоа е добро секогаш да чуваме пари “за итни случаеви” и кога нешто несакано ќе се случи, планот и приоритетите треба да ги промениме за да се справиме со новонастанатата ситуација.

  1. Менаџирајте го долгот

Доколку имате долг, намалувањето на истиот треба да биде еден од приоритетите. Зошто да ги плаќате непотребните трошоци за задоцнето подмирување на обврските? Имајте секогаш финансиски средства за навремено подмирување на обврските или разгледајте ја можноста за рефинансирање на Вашиот кредит со поевтина каматна стапка

      8. Пронајдете го моделот што функционира за вас

Овие наши совети се само почеток кон пронаоѓање на моделот на менаџирање на финансиите што функционира за Вас. Започнете и со тек на време задржете го тоа што функционира, а отфрлете го тоа што не придонесува кон подобро менаџирање на Вашите финансии во новата година. Ви посакуваме убава година и во оваа 2021-ва да имате потреба да планирате финансиски средства за убави работи, како летен одмор, патување или свадба 😊

 

Прилагодено на текстот чиј автор е Нина Семчук од следниот линк:

https://smartasset.com/checking-account/top-10-money-management-tips