Како се креираше дизајнот на мобилната апликација mFULM?

Филип Неделковски Настани и Промоции

Во процесот на дигитализација на нашите финансиски услуги, изминатиот период работевме на изработка на Мобилна апликација која ќе Ви ги овозможи придобивките на користење на Електронско банкарство на Штедилница ФУЛМ!

Па така, нашиот тим на мали креативци заедно работеше на подготовка на дизајнот на мобилната апликација mFULM.

Имаше навистина голема бура на креативни идеи и секој од нив допринесе со својот оригинален и уникатен предлог за тоа како да изгледа мобилната апликација.

Кога конечно беа задоволни, заеднички ни го претставија крајниот резултат од нивниот предлог дизајн

Како ви се допаѓа дизајнот на нашите млади дизајнери ?

Нашите симпатии брзо ги освои и Веднаш почнавме со креирање на дизајнот на Мобилната апликација. Па еве го финалниот изглед.

Мобилната апликација mFULM e веќе достапна за користење и можете да ја превземете тука:

Дознајте повеќе за функционалностите и предностите на мобилната апликацијата mFULM

 

Повеќе за можностите и начин на користење на Електронско банкарство на ФУЛМ прочитајте на следниот линк

https://www.fulm.com.mk/elektronsko-bankarstvo/