Инспиративна приказна за Стефан Петановски, гитарист

marija Настани и Промоции, Приказни за месец Јуни

Денес ве запознаваме со нашиот член Стефан Петановски, гитарист и студент на Музичката академија во Скопје. Стефан на 6 годишна возраст, бил меѓу првите деца, коишто пред 15 години, почнаале да штедат како членови во Младинскиот клуб на ФУЛМ. Со неговото полнолетството тој стана полноправен член и денес сам управува со своите финансии. Држејќи часови по гитара и реализирајќи разни музички проекти, сам заработува, а инвестира во опрема и во неговата најголема љубов – гитарите.

„Благодарам на вработените во Филијалата на ФУЛМ во Аеродром коишто секогаш се тука за мене, затоа што иако сум студент, тие знаат што значи да се поддржат потребите на младите луѓе, а јас знам чесно и навремено да си ги исполнувам обврските”  со насмевка вели Стефан

Минатата година со финансиска поддршка од ФУЛМ, Стефан дополнително инвестираше во своето музичко студио со нова т.н. “Custom made” гитара, која е специјално дизајнирана според неговите потреби.

Аплицирај за кредит за поддршка на твоето хоби / пасија

Стефан почнува да свири гитара на возраст од 7-годишна возраст, кога основното познавање за инструментот го добива од страна на неговиот татко.

Преку неколку фотографии и видеа ќе ѕирнеме во неговото музичко студио и ќе слушнеме квалитетна авторска музика.

Неговиот стил најдобро може да се опише како спој од различни жанрови меѓу кои се рок, метал, џез, фјужн, а сепак го задржува модерниот прогресивен звук.

Исто како и гитарата, негова голема пасија претставува компонирањето, од каде што произлегува основата на неговата инспирација. Тој посветува голем дел од времето работејќи и усовршувајќи се во полето на продукција и микс на музика.

Познавајќи ги композиторските квалитети и таленти на Стефан, минатата година го ангажиравме да компонира химна по повод јубилејот од 20 години постоење на Штедилница ФУЛМ.

Слушнете ја химната на ФУЛМ насловена како Заедно можеме повеќе”

Во моментот Стефан е член во бендот Station: Innermost. Tие го издадоа нивното прво издание Exposure” во 2019 година, како и синглот The Light”.  Бендот работи и на нов материјал којшто ќе биде издаден во иднина.

Во 2019 година, Стефан го издава својот прв соло албум Architect of Reality” и со тоа го бележи почетокот на својот соло проект. Албумот може да го преслушате на следниот линк

Стефан е во подготовка на неговиот втор солистички албум којшто би требало да излезе во блиска иднина.

Дотогаш, пронајдете одлични парчиња музика преку профилите на социјалните медиуми на Стефан Петановски:

Facebook
Instagram
Youtube