Известување за работењето на Филијалите на Штедилница ФУЛМ во Скопје

marija Настани и Промоции

Почитувани,

Со неизбежното намалување на бројот на локациите на филијалите од 01.11.2020г., предизвикано од прогресивното ширење на Ковид пандемијата  во изминатиот период, бевте лимитирани во достапноста до нас, со две, наместо три локации во Скопје.

Со оглед на подобрените услови  – од  1 март 2021 година, повторно ќе почне со работа Филијалата ЈСП во Аеродром.

Филијалата Центар сеуште ќе работи во канцелариите на Централата на Штедилница ФУЛМ.

Секако, го имате на располагање и шалтерот на ФУЛМ во Автокоманда, кој не престана со својата работа, за целиот изминат период.

Ви благодариме за разбирањето и соработката и Ве очекуваме во филијалите во:

Централа

Аеродром

Автокоманда