Како да ги зачуваш заштедените пари и да завршип работа на рати!

marija Приказни за месец Јуни

Гордана Каевска, Скопје

Пред 11 години, 2006 година, во приземните деловни простории, во зградата во која живеам во населбата Аеродром, дојдоа нови соседи, нова фирма. Со љубопитство набљудував, кои се, што работат. Надвор поставија реклама со 4 големи букви Ф-У-Л-М. Се обидував да одгатнам што значи кратенката, но признавам.. не успеав. Љубопитноста и комуникативноста победија и еден ден влегов. Вработените љубезно ме отпоздравија. Ги распрашав каква институција се, што работат и навистина се изненадив од прекрасниот однос и од исцрпното објаснување на своите услуги. Уште повеќе се изненадив кога ја споделија нивната идеа со мене, дека планираат да организираат соседско кафе дружење и запознавање со сите соседи.
Дознав дека влегов во Штедилница ФУЛМ и дека кратенката ФУЛМ значи Финансиски Услуги за Луѓето на Македонија. Тој ден, отпочна ново и вредно пријателство…Многу скоро станав корисник на финансиските услуги на ФУЛМ. Од целата понуда, најмногу ми се допна понудата за подигање кредит со гаранција штеден влог. Е, ова беше вистинско откритие! Ова беше одлична можност, каде во исто време можев да ги зачувам заштедените пари, а да си завршам работа на рати! Штедниот влог остануваше на безбедно место, на него течеше камата, а јас подигнував пари како позајмица и си покривав една по една потреба: пари за свадба, пари за крштевка, за помали домашни инвестиции и што се не… Она што е најважно е дека постојано го имав чуството дека од една страна, постепено ги реализирам своите желби и потреби, а во секое време ги имам заштедените пари на штедна книшка…
Топло ја препорачувам Штедилница ФУЛМ, овие луѓе, особено вработените во Филијалата ЈСП, во Аеродром, моите соседи и сега –пријатели. Овде ќе наидете на пријатна атмосфера, љубезни и добронамерни вработени, кои со клиентите настапуваат 100% според филозофијата на кредитните унии: Луѓе помагаат на луѓе.

Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање