Дел со кредит, Дел со штедење Цела куќа!

marija Приказни за месец Јуни

Стојанчо Карачанаков, Скопје

Пред 14 години, во месец Јули 2003-тата година, мојот животен пат ме донесе до просториите на Филијала ЈСП на Штедилница ФУЛМ.
Токму во тој период ми се случуваше една голема промена во мојот живот – станав ,,младпензионер на 49 години. Во тоа време имавме куќа која беше дивоградба. Свесен бев дека мора да најдам решение и за легализација и за инвестирање во истата, бидејќи куќата беше, како би се рекло ,,принаправена”. Освен тоа веќе децата растеа и повеќе од јасно беше дека ќе треба да се инвестира во неа, за да обезбедам дом на своето семејство. Реков, ќе пробам да земам станбен кредит, но ниедна од банките не сакаше да ризикува да даде станбен кредит за пензионер!

Е, тука почнува мојата успешна приказна, во моментот кога дознав за Штедилница ФУЛМ! Во тоа време јас бев еден од корисниците на банкарски чекови, кои можев да ги оставам како гаранција за кредит, во тоа време популарно наречено ,,позајмица”.  И така почнав, една по една позајмица, остави чекови, земи позајмица, заврши работа, врати на неколку рати, и пак, и пак… На овој начин ја направив куќата, постепено. Навистина имав голема среќа, што ми се даде оваа можност и навистина се чувствував и гордо, вредно и успешно. Бев дисциплиниран и редовно си го отплаќав кредитот, па така стекнав углед и почит во очите на вработените во Штедилница ФУЛМ, а тие тоа го викаат ДОБРА КРЕДИТНА ИСТОРИЈА. Но, морам да бидам искрен, и вработените на Штедилницата беа исклучително коректни и љубезни, секогаш подготвени да излезат  во пресрет на моите потреби.

Со текот на годините реализирав многу мои потреби, како и потреби за моето семејство, со финансиските услуги на ФУЛМ, делумно со кредит, а делумно со штедење.

Еве, веќе цели 14 години сум член на Штедилница ФУЛМ, кое стана моето сигурно и пријателско место, каде можам да се обратам секогаш кога имам потреба, за што сум многу благодарен.