Катерина Јовановска – службеник на годината од Штедилница ФУЛМ

Darko Dimov Uncategorized @mk, Настани и Промоции

Македонската банкарска асоцијација денес по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31-ви Октомври додели признанија на најдобрите службеници за 2018 година. На свечената прослава на којашто се обратија д-р Анита Ангеловска Бежоска, Гувернер на Народна Банка на Република Македонија, д-р Драган Тевдовски, Министер за финании во Владата на Република Македонија, г-дин Коста Митровски, Претседателот на Македонската банкарска асоцијација и други видни претставници од банкарскиот сектор и бизнис заедницата беа доделени плакети – признанија на 38 најдобри службеници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи со населението. Оваа година признанието за најдобар службеник од Штедилница ФУЛМ беше доделено на Катерина Јовановска, кредитен референт од шалтер Центар од Скопје.