Кој бара – ќе најде, Кој работи – ќе успее!

marija Вашите бизниси, Приказни за месец Јуни

Виолета Илиевска, Скопје

Мојата приказна почна одамна, помагајќи му на татко ми кој имаше тезга за земјоделски производи на Зелениот пазар во Скопје. Со години тој нѐ издржуваше, а јас бев постојано покрај него, помагајќи учев од него. Сѐ повеќе ме оставаше сама да продавам, се додека еден ден не се повлече целосно.

Сама се грижев и за производството и за продажбата. Не беше лесно, па моите деца доаѓаа и помагаа колку можеа. По извесен период, се осамостоив и сѐ подобро си ја организирав работата.

Дојде време да го проширам бизнисот. Како официјално невработена, најголемото прашање беше од каде би пронашла средства за инвестирање. Според народната поговорка: Кој бара – ќе најде, јас ја пронајдов Штедилница ФУЛМ и нивните кредити за невработени лица, чија цел е поттикнување на самовработувањето и малите бизниси. Овој кредит беше совршен одговор на моите потреби. Земав кредит, а парите ги наменив за земање под наем на повеќе тезги за продажба на зелените пазари.

Може да кажам дека сум многу задоволна од она што го постигнав- го продолжив и проширив семејниот бизнис на татко ми и обезбедив стабилен приход за моето семејство.

Ви благодарам ФУЛМ, особено благодарност на вработените во Филијалата ЈСП, во Автокоманда, за поддршката што ми ја дадоа.

Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање