ФУЛМ Македонија – најдобра во светот!

marija Настани и Промоции, Соопштенија до јавност

 

Сингапур, Sun Tech City.

Престижната награда за 2018 – World Council Growth Award (награда за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии), оваа година, во избор од 109 земји во светот ја доби Штедилница ФУЛМ од Македонија. Наградата беше доделена на 16 јули 2018 година на Меѓународната конференција на кредитни унии (Тhe world credit union conference), што се одржа од 15 до 18 јули 2018 година, во Suntec convention center, во Сингапур (http://www.wcuc.org/ )

Ова големо признание за исклучителниот труд и посветеност  доаѓа во вистинско време, односно во пресрет на 20-годишнината од постоењето на Штедилница ФУЛМ што уште повеќе ја поттикнува радоста за освоеното I (прво) место меѓу 68.000 кредитни унии на 6 континенти во светот!  Второто и третото место припаднаа на кредитните унии  Sicredi од Бразил и AIRAC од  Доминиканската Република. Дополнителни информации за настанот може да добиете на следниот линк: https://www.woccu.org/letters/?mt=4119&c=17144&cs=db63a

Повеќе од 30.000 граѓани во Македонија се заслужни за оваа награда, кои во  изминатите дваесетина години, со нашите кредити и депозити, ги реализираа нивните успешни приказни заради кои се гордеевме секојдневно, истакна м-р Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ.