Соопштение за индивидуално продолжување на понудата за поповолни услови за отплата на кредитите

marija Информации за COVID 19, Настани и Промоции, Соопштенија до јавност

Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје

Бр.03-565/1

Скопје 07.09.2020 г.

СООПШТЕНИЕ

 

Периодот на поповолни договорени услови при подмирување на обврските по основ на кредитите во Штедилница ФУЛМ,  на клиентите – физички лица во согласност со Јавната Понуда за поповолни договорни услови при плаќањето на кредити во Штедилница ФУЛМ во согласност препораките и мерките дадени/преземени од Владата на Република Северна Македонија за справување со епидемијата на КОВИД-19 од 1.4.2020 г. завршува заклучно со 30.9.2020 година.

Поради продолжувањето на несаканите ефекти на пандемијата предизвикани од Covid-19 вирусот, а со цел да се излезе во пресрет на своите клиенти – физички лица, за полесно надминување на негативните последици, Штедилница ФУЛМ повторно ќе овозможи поповолни договорени услови при измирување на обврските по основ на кредитите во Штедилница ФУЛМ.

Можноста за поповолни услови на плаќањето ќе се однесува само на физички лица, кредитокорисници во Штедилница ФУЛМ, кои имаат кредити, и кои на 29.2.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б , како и на кредитокорисници во Штедилница ФУЛМ кои имаат кредитна изложеност која што е одобрена во период од 1.3.2020 до 24.3.2020 година и се финансиски погодени од пандемијата на COVID-19.

Поповолни услови за измирување на обврските по основ на кредитите во Штедилница ФУЛМ ќе биде овозможено за дополнителни 3 месеци, со можност за уште 3 месеци доколку кредитокорисникот навремено и целосно ги плаќа каматата и надоместоците,  најдоцна до 31.3.2021 година, за клиентите – физички лица кои исполнуваат најмалку еден од следните критериуми:

  • Кредитокорисникот и/или со него поврзаните лица имаат престанок на работниот однос во периодот на кризата
    • Кредитокорисникот и/или со него поврзаните лица имаат намалување на платата од најмалку 10% во периодот на кризата
    • Значајни медицински трошоци поради болест предизвикана од COVID-19
  • Трошоци поради смрт на член во семејството, предизвикана од COVID-19

Клиентите кои во согласност со евиденцијата на Штедилницата исполнуваат најмалку еден од горенаведените критериуми ќе добијат индивидуална понуда од Штедилницата, која ќе можат да ја прифатат преку интернет страницата, електронски до референтите во филијалите каде што го имате кредитот (https://www.fulm.com.mk/kontakt/),. или директно на шалтерите на Штедилница ФУЛМ  во рок од 10 дена од датумот на доставување на понудата но не подоцна од 20 септември 2020 година. Клиентите кои во овој рок нема да ја прифатат понудата ќе продолжат со редовна отплата на своите обврски.
Ова соопштение се објавува на интернет страницата на Штедилница ФУЛМ и преку одделно известување на клиентите, преку електронска и/или писмена комуникација.

Клиентите на кои Штедилницата нема да им достави индивидуална понуда, а сметаат дека исполнуваат најмалку еден  од горенаведените критериуми, ќе може да се контактираат со референтите на шалтерите на Штедилница ФУЛМ , со приложување на соодветен документ како доказ за исполнување на некој од критериумите. Штедилницата  ќе пристапи кон разгледување на приложените документи  и  дополнително ќе ги извести клиентите.

Штедилница ФУЛМ