Интервју со Вероника Митреска, добитник на ФУЛМ стипендија за 2017

marija Настани и Промоции, Студенти

Продолжуваме со серијата од интервјуа со досегашните добитници на ФУЛМ студентска стипендија. Каде се во моментов и што имаат да ви препорачаат доколку сакате се пријавите на Натпреварот за студентска стипендија?

Прочитајте ги одговорите подолу од целото интервју со добитникот на ФУЛМ студентска стипендија, Вероника Митреска

1. Што правите во моментов? (Студирате, работите или барате работа?)

Во моментов сум посветена на моите студии.

2.Кои се Вашите кариерни цели и во која област би сакале да ја насочите Вашата едукација понатаму?

Мојата крајна цел e потрага по изградба на технологија која ќе направи разлика и олеснување во животите на луѓето. Со цел да го постигнам тоа треба да имам континуиран интерес во сферата на технологиите бидејќи таа постојано се менува. Учество на што повеќе семинари, курсеви и секако продолжување на моето образование во странство се работите кои ќе ми помогнат во пооптимална изградба на мојата способност за остварување на крајната цел.

3.Дали би сакале да посетувате пракса во ФУЛМ ?

Тоа би било одлична можност за секој кој сака да се искачи едно кариерно скалило погоре. Со оглед на тоа што мојата сфера на интерес се смени кон технологијата, сметам дека тоа веќе не е во доменот на мојот интерес.

4.Дали мислевте дека е наместен натпреварот кога аплициравте за студентската стипендија ?

Искрено не, во ниеден момент не се посомневав во кредибилитетот на штедилницата и професионалноста со која се одбираат кандидатите за стипендија.

5.Како се чуствувавте кога дознавте дека сте добитник на стипендија?

Изненадено со еден збор. Мило ми е што од големата и многу компетентна конкуренција бев признаена и трудот кој го имав вложено целосно се исплатеше. Бев горда на себе си што е многу важно бидејќи ми даде мотивација и храброст да не се откажувам од можностите кои доаѓаат во мој правец.

6.За што ги наменивте средствата добиени од стипендијата ?

Целосно беа наменети за моето образование и курс по германски јазик кои потоа ми овозможи студентска летна работа во Германија.

7.Што би им препорачале на студентите кои сакаат да учествуваат во следниот натпревар за стипендија?

Да не се воздржуваат, да го зграпчат секој момент кој им нуди лична надградба и цврсто да веруваат во себе, затоа што сите ние сме уникати. Треба само трунка храброст и подготвеност да биде свој и да се истакне од толпата.

8.Што нас би ни преопoрачале како да ја промовираме стипендијата за повеке студенти да дознаат за натпреварот ?

Најпрво интересна реклама ќе го привлече вниманието на секој, особено на социјалните мрежи. Поголеми настани/ предавања за самата штедилница и стипендии кои ги нуди. И секако сите студенти сакаат забава после напорните часови, така што може некои предизвици или игри кои ќе допринесат за поголема интеракција и заинтересираност кај публиката.

Дали можеби ти си следниот добитник на ФУЛМ студентската стипендија? Прифати го предизвикот и аплицирај на шестиот по ред ФУЛМ Натпревар за студентска стипендија!

Аплицирај на: https://www.fulm.com.mk/natprevar-za-studentska-stipendija-2020/

Ти посакуваме успех!