Политика за управување со стратегискиот ризик

ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СТРАТЕГИСКИОТ РИЗИК

(1) Единствениот содружник ја носи деловната политика и развоен план, односно стратегија и деловни цели за работењето на Штедилницата. Стратегијата и деловните цели на Штедилницата треба да одговараат со големината, видот и сложеноста на Штедилницата и на финансиските активности коишто ги врши и коишто планира да ги врши, како и со деловното опкружување во кое работи.
(2) Стратегијата се однесува за период од седум години.Стратегијата содржи најмалку:

1) Анализа на макроекономското опкружување во кое работи Штедилницата;
2) Преглед на стратегиските цели на Штедилницата;
3) Систем на Штедилницата за управување со ризиците;
4) Основни цели за секој организациски дел на Штедилницата;
5) Финансиски план и проекции на финансиските извештаи на Штедилницата за период од седум години.