Партнерства


Светскиот совет на кредитни унии (WOCCU) е водечка меѓународна трговска асоцијација и агенција за развој на кредитни унии во светски рамки. Делувајќи според визијата „Квалитетни кредитни унии за секого“, WOCCU го промовира виталниот развој на кредитни унии со цел да им влее самодоверба на луѓето низ целиот свет да напредуваат преку право на висококвалитетни, пристапни финансиски услуги. WOCCU се финансира од владина агенција и фондациски грантови, членарина и годишни подароци од поддржувачите на WOCCU. Светскиот совет на кредитни унии и неговите филијали се со седиште во Медисон, Висконсин, Соединети Американски Држави. Исто така, WOCCU има и постојано седиште во Вашингтон, како и програмски канцеларии насекаде низ светот.

Агенција за развој

Програмите за техничка поддршка на WOCCU зајакнуваат кредитни унии во 15 држави. Меѓународните програми за технички развој на WOCCU им помагаат на кредитните унии и на државните/регионалните асоцијации преку повторна изградба за време и после конфликт, обезбедување пристап на недоволно услужените, развој на интегрирани бизнис мрежи, поддршка на ризичните заедници, реконструкција после катастрофи, како и охрабрување на законодавна реформа и развој на регулаторниот систем.

Трговска асоцијација

Во светски рамки, повеќе од 68.000 кредитни унии во 109 земји им служат над 235 милиони луѓе. Регионалните и државните кредитни унии и асоцијациите за финансиска соработка здружени со Светскиот совет претставуваат 89 земји низ целиот свет.
WOCCU се залага за законодавство и регулатива во владите низ целиот свет кои ќе бидат соодветни на кредитните унии. Исто така, WOCCU ја следи статистиката на кредитните унии, издава списание „Credit Union World”, секој октомври го спонзорира Меѓународниот ден на кредитни унии и е домаќин на годишните регионални технички конференции како и на Конференцијата на светската кредитна унија.
Преку програмата за Меѓународно партнерство на WOCCU, лигите и кредитните униите од Соединетите Држави на своите развојни партнери им обезбедуваат оперативна стручност и совети за потребите од областа на информатичката технологија. За возврат, голем број од развојните партнери ги советуваат кредитните униите од Соединетите Држави за тоа како најдобро да обезбедат услуги на растечката имигрантска популација во Соединетите Држави.

Фондација

Светската фондација на кредитни унии на WOCCU раководи со програмата за поддршка на WOCCU. Придонесите од поддршката на WOCCU го обезбедуваат многу потребното олеснување на кредитните унии и нивните членови после катастрофи, им се обраќаат на приоритетните потреби и поттикнуваат иновација преку меѓународниот кредитен систем на унии.

Продукти и услуги

Меѓународната мрежа на дознаки (IRnet®) е платформа со која кредитните унии на своите членови и потенцијални членови од целиот свет им овозможуваат пристап кон безбедни и достапни меѓународни и домашни трансфери на пари (дознака).
PEARLS Мониторинг системот на Светскиот совет е сет од финансиски размери или индикатори кој помага да се стандардизира терминологијата помеѓу институциите. Тој нуди менаџерски совети на кредитните унии и други штедни институции, и служи како инструмент за супервизија на регулаторите.
WOCCU Сервисната групација (WSG) е филијала целосно поседувана од WOCCU. Групацијата го поддржува Светскиот совет во различни профитабилни напори како на пример услуги со картички и заеднички експозитури.

Рурален проект на УСАИД за финансиски институции

Целта на проектот на УСАИД за рурални финансиски институции е да основа корисничо-сопственички штедно-кредитни институции кои ги прибираат домашните заштеди за реинвестирање во продуктивни кредити за руралните заедници. Светскиот Совет за Кредитни Унии започна со работа во Септември 1995 година и ја создаде Штедилница ФУЛМ. Проектот основа континуирана врска помеѓу Лигата на Кредитните Унии на Мичиген и Штедилница ФУЛМ во Македонија.

Штедилница ФУЛМ беше многу успешна во создавањето база на членство која ги покажува карактеристиките на македонската популација. Во Септември 2005 година, Штедилница ФУЛМ имаше 5,060 членови лоцирани во сите 14 региони на Македонија. Шест филијали се основани во 5 региони на Македонија. Сметката на женските членови изнесува околу 37% од вкупното членство.

Значаен дел од успешноста и продолжувањето на растот на членството на Штедилница ФУЛМ се должи на воведување новини, големи и професионални маркетинг активности. Поради стигмата околу штедилниците, Проектот избра да врши маркетинг под слоганот, ”Различни од другите штедилници” и оваа стратегија е екстремно успешна. Како одговор на предлозите на членовите и нивната потреба,, се воведоа голем број на кредитни и депозитни продукти.

Во Септември 2005 година, Штедилница ФУЛМ има добро-основано и добро-документирано сметководство, извештаи и внатрешен ревизорски систем. Посветениот интерен ревизорски кадар ја набљудува работата на секоја филијала и Централата во согласност со регуларниот програм за набљудување. Финансиското работење на Штедилница ФУЛМ во целост, и во секоја филијала се набљудува месечно преку детален менаџмент и финансиско сметководствени извештаи. Менаџментот и вработените на Штедилница ФУЛМ исто така се обучуваат за користење систем на интернационално признати клучни индикатори развиени специфично за кредитните унии и други штедни институции од ВОКУ, познати под акронимот, ПЕАРЛС.

На 30 Септември 2005 год. консолидираните финансиски извештаи на Штедилница ФУЛМ покажува нето средства од над 3 милиони американски долари. Кредитното портфолио се вреднува на 2,860,000 американски долари, заштедите на членовите во износ од 1,809,000 американски долари и членскиот влог е еднаков на 166,246 американски долари. Штедилница ФУЛМ има постојана добивка од Март 2001 година.
Светскиот Совет на Кредитни унии, како дел од програмата “Луѓе за Луѓе” започна партнерство помеѓу Лигата на Кредитни Унии на Мичиген и Штедилница ФУЛМ. Партнерството ќе спроведува континуирана помош за Штедилница ФУЛМ преку Лигата на Кредитни Унии на Мичиген во областите за техничка помош, менторство на штедно-кредитната унија, образование и обука.

 Gjatë vitit 2003, Kursimorja FULM  krijoi një Program  partneritti me Lidhjen e Unioneve të Kreditit në Miçigan, SHBA. Qëllimi i këtij programi partneriteti është realizimi i trajnimit të punonjësve, aktiviteteve të marketingut, mbështetja e aktiviteteve për modernizimin e legjislacionit për institucionet e tjera financiare.

Partneriteti do të punojë drejt arritjes së objektivave të mëposhtme të përfitimit të ndërsjellë:

  • Vazhdimi i shkëmbimit të mëtejshëm të mendimeve, ideve dhe entuziazmit në formën e komunikimeve dhe vizitave;
  • Përcaktimi i parimeve të sigurisë së unionit të kreditit në favor të anëtarësimit;
  • Zhvillimi i praktikave më të mira për shoqatat tregtare në shërbimin e unioneve të kreditit;
    • Përgatitja e planeve vjetore strategjike për të mirën e partneritetit;
     • Promovimi i parimeve të përbashkëta të unioneve të kreditit përpara anëtarësimit të tyre, publikut, mediave, institucioneve shtetërore dhe përfaqësuesve.
     Inkurajimi i avokimit të unioneve të kreditit tek përfaqësuesit e zgjedhur në Miçigan dhe Maqedoni.

Macedonian CEO thanks Michigan supporters

NORTHVILLE TOWNSHIP, Mich. (6/15/04)–Macedonian FULM Savings House CEO Eli Zgonjanin-Petrovik expressed gratitude for Michigan credit unions’ ongoing support of Macedonia’s fledgling credit union movement during the Michigan CU League’s (MCUL) 2004 Annual Convention and Exposition.

“Macedonia is a small country, but we have many friends around the world, and that makes us bigger. You here are proof of that,” Zgonjanin-Petrovik told hundreds of credit union officials at the event in Detroit.

She noted the efforts of Drew Egan, MCUL executive vice president and chief operating officer, who traveled to Macedonia several times the past two years to offer advice, staff training and resources. She also thanked Hank Hubbard, CEO of Communicating Arts CU, Detroit, for his advice.

As a result of their assistance and that of the Michigan credit union movement, the Macedonia movement gained an audience with government officials to press for credit union legislation.

MCUL President/CEO David Adams presented special plaques to Egan and Hubbard for their work overseas and described the “truly impressive” efforts of Macedonia’s credit unions. He promised Michigan credit unions “will remain committed to this project and to our friends and colleagues in Macedonia.”

FULM celebrates its five-year anniversary this month with a milestone $1 million in assets. It operates six branches throughout the country.

From left, Macedonian FULM Savings House CEO Eli Zgonjanin-Petrovik and Michigan CU League President/CEO David Adams. (Photos provided by the Michigan CU League)

 

The Michigan league has worked in partnership with the World Council of CUs Inc. and FULM Savings House since 2002 to establish the legislative and regulatory foundation needed to expand access to credit union services.

Egan will return to Macedonia Saturday to continue lobbying for passage of federal credit union legislation. He also will provide continued assistance with public relations and marketing, education and training, and technological support.

Соработка меѓу кредитните унии на Македонија и Полска

На основа на постоечката соработка за развој на кооперативното движење и желбата за понатамошно зацврстување на соработката, на 04 Април 2008 година и официјално беше потпишан Договорот за соработка меѓу Здружението на Граѓани ФУЛМ од Македонија и Националната Асоцијација на Кредитни Унии од Полска. Целта на договорот е сестрана соработка меѓу ФУЛМ и Асоцијацијата од Полска во нова фаза на заеднички активности кои се состојат во размена на знаење, реализација на заеднички проекти кои се однесуваат на пренесување на професионално, техничко и компјутерско знаење и проекти кои ќе бидат поддржувани од други меѓународни и владини организации. Покрај веќе воспоставените партнерски односи со Лигата на Кредитни Унии од Мичиген, САД и програмата “Луѓе им помагаат на луѓе”, oваа соработка на ФУЛМ претставува уште една потврда за успешноста на движењето на штедно кредитните унии во светот.

Соработки

Мисијата на МФО е да придонесе за создавање општество во кое одржливиот микрофинансиски сектор ќе испорача адекватни финансиски и нефинансиски услуги за намалување на сиромаштијата преку промоција на претприемништво и развојот на микро и малите претпријатија и други лица кои имаат отежнат пристап кон финансиски услуги.

Сојузот на Микрофинансиски организации е основан во 2011 година, од ЗГ ФУЛМ, ЗГ ЦЕП Можности, МФ Хоризонти и Македонска Развојна Фондација за Претпријатија (МРФП).

Целите на Сојузот се:
• Подобрен пристап до финансиски услуги, како моќен инструмент за развој на претприемништвото и намалување на сиромаштијата, преку интензивна комуникација со целните групи и воведување на иновативни продукти со користење на информатички и комуникациски технологии;
• Подобрено деловно опкружување преку поголема инклузивност на деловната заедница и невладиниот сектор во носењето и имплементирањето на легислативата и регулативата во организирана форма;
• Промовирање и развој на претприемништвото, поттикнување иновации и развој на партнерства;
• Подобрен капацитет на членките на Сојузот;
• Остварување на заедничките интереси на членките на Сојузот преку интензивна и активна комуникација со сите релевантни чинители во областа на заедничкото дејствување.
На иницијатива на членките, а по спроведени консултации со засегнатите страни, во рамки на Сојузот е изготвена апликација за проектна поддршка, која беше поднесена со УСАИД и за која беше добиена согласност за финансиска поддршка за серија на активности во рамките на програмата:
Инклузија и иновации во микрофинансирањето
Главна цел на проектот е подобрен пристап до финансии според потребите на домаќинствата со ниски приходи, претприемачите и малите и микро-претприемачи. Овозможувањето на полесен пристап до финансии за овие категории ќе овозможи создавање на нови работни места, кои од друга страна водат до економски раст и намалување на сиромаштијата како конечна цел на проектот.

Сојузот на Микрофинансиски организации, во соработка со Македонската Развојна Фондација за Претпријатија како спроведувач на проектната активност, отпочна со реализација на серија обуки за унапредување на финансиските знаења на пошироки групи на популацијата, во повеќе градови низ Македонија, која ќе опфати над 600 лица од повеќе категории, меѓу кои и ранливите социјални групи, земјоделци, микро- и мали претприемачи, нови бизниси, студенти итн. На обуките, учесниците ќе добијат информации за финансиското планирање, извештаи, видовите на кредити, камати, и други важни податоци од страна на потврдени експерти.