Инспиративна приказна, Весела куќа – декорации

marija Uncategorized @mk, Настани и Промоции, Приказни за месец Јуни

Би сакале да ја споделиме инспиративната приказна за хобито на нашиот веќе долгогодишен член Јованка која во слободно време се занима со изработка на украси и декорации. Таа ни раскажа за нејзината пасија, за тоа од кога и какви изработки изработува, но и за долгогодишната соработка на нејзиното семејство со Штедилница ФУЛМ.

“Мојата пасија за изработка на украси и декорации ја открив уште многу одамна, кога имав 12-13 години. Се што сега знам научив сама и парите кои родителите ми ги даваа за ужинка во школо, ги користев за купување на материјали 🙂

Во последно време особено сум предадена на своето хоби затоа што ме релаксира и ми дава позитивна енергија во оваа вонредна состојба со пандемијата Ковид-19.

Изработувам секаков вид на декорации и украси за свадби, крштевки, за домаќинството или канцеларија. Во последно време како материјали за моите украси најмногу ги користам конопот, керамиката, дрвото, а особено сум горда на изработката на мини декорации од кактуси. Инспирација црпам пред се од секојдневието. На пример пред некој ден размислував како да ги направам саксиите за расад да изгледаат интересно, да бидат корисни и да не се фрлаат. Така добив идеја да направам интересен украс од нив. Исто така инспирација наоѓам и на интернет.

Сега поради ново настанатата вонредна состојба со Ковид-19 луѓето помалку купуваат или гледаат да купат нешто поевтино. Дополнително поради забраната за организирање на свадби, прослави, крштевки побарувачката на декорации и украси исто така е намалена. Но, сепак луѓето се интересираат да купат некои од моите декорации. На пример кактусите повеќе ги купуваат затоа што се со симболична цена.

На сите им порачувам да го искористат секој момент од слободното време за направат нешто добро, нешто продуктивно. Се што мислите дека не може да се направи, може да се направи само ако се има желба. Многу важна е желбата и позитвната енергија. Се почнува со желба, па идеја и на крај реализација. Доколку сакате, може се да се постигне дури и во време на пандемијата Ковид-19

На крај сакам да се заблагодарам на Штедилница ФУЛМ за соработката во сите изминати години. Соработката со ФУЛМ е долгогодишна и започнува уште со отварањето на филијалата ЈСП Автокоманда, кога мојот татко стана еден од првите членови – штедачи во филијалата. Со годините нашата доверба во ФУЛМ се зголемува и пренесува од колено на колено. Сега и моите деца и децата на мојата сестра се трето колено на штедачи од нашата фамилија. Јас сум презадоволна од нивните финансиски услуги, но исто така сум презадоволна од односот на вработените во филијалата ЈСП Автокоманда.” – раскажува Јованка

Повеќе од креативните изработки на Јованка може да погледнете на нејзината Фејсбук група veselakuka_dekoracii

Доколку ви се потребни дополнителни финансиски средства за реализирањето на Вашето хоби во бизнис, Штедилница ФУЛМ е тука секогаш за вас. Повеќе информации за условите за кредитните продукти на следниот линк или аплицирајте за кредит онлајн