Марта Минаркова – Репарирање и реупотреба на стар мебел

Image Image Image Image Image

Сопственик на фирмата СПИН СТУДИО ДИЗАЈН, Марта Минаркова – магистер во Дизајн на Ентериер и мебел, со работно искуство 12 години во оваа област. Љубовта кон дизајнот, а  воедно и желбата за користење на еколошки пристап во работата се главните причини за водење на еден ваков зелен бизнис веке седма година SPIN се занимава со репарирање и реупотреба на стар мебел во нови и уникатни дизајни, како и со внатрешно уредување на ентериери каде се применуваат претежно еколошки принципи..

Најголемиот дел од стариот мебел завршува како дел од отпад, а кај нас за жал некогаш и како огревно средтсво,  па затоа првенствено целта на Спин е намалувањето на отпадот и влијание врз намалување на загадувањето на воздухот. Придонес е и задржувањето на културната вредност на стариот мебел кој денес се заменува со ново сериоско производство на мебел, од материјали кои немаат еколошко потекло.

Контакт информации:

www.spin.mk

www.facebook.com/spinfurniture

078/ 262-229

Марта Минаркова

*Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање

КРЕДИТ ЗА НЕВРАБОТЕНИ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ЛИЧНИ ПРИМАЊА
Целна група • Невработени лица со дополнителни лични примања
Износ на кредитот • Од 10.000 до 400.000 МКД – денарски кредит*
Рок на отплата • 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци
• Максимум грејс период 12 месец
Потребно обезбедување • Жирант/и, и/или заверка на меница во форма на нотарски акт и без жирант/и (зависно од износот на одобрениот кредит и кредитната историја во Штедилница ФУЛМ)
Каматни стапки Годишна, променлива каматна стапка* (СВТ)
Начин на плаќање • Месечно со примена на методот на ануитетни плаќања (месечни рати) – за кредити со рок на отплата од 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци и
• Можност за начин на плаќање во кој каматата се плаќа месечно, а главницата доспева по истекот на временскиот период за кој е одобрен кредитот – за кредити со рок на отплата од 12, 24 и 36 месеци.
Надомест • Надоместите се пресметуваат врз основа на Тарифата на Штедилница ФУЛМ на денот на склучување на Договорот
Минимум критериуми за кредитот • Физички лица, државјани на Република Македонија
• Корисникот на кредит мора да биде член во ФУЛМ
Минимум потребна документација при аплицирање за кредит • Фотокопија од важечка лична карта или важечки пасош од кредитобарателот и жирантот/ите
• Заверена потврда за нето плата и постоечки забрани за нето плата од жирантот/ите
• Целосно пополнети обрасци за кредит
Предност ·Исплата во готово или на трансакциска сметка

·Не се наплаќа надомест за предвремено затварање на кредитот

·Поповолни услови при повторно аплицирање за кредит

*Валута МКД: денарски кредит. Почнувајќи од 01.09.2015 година, новоодобрените кредити нема да имаат валутна клаузула за заштита од девалвација. Сите исплатени кредитни партии заклучно со 31.08.2015 година, имаат валутна клаузула само за заштита од девалвација.

*Годишна променлива каматна стапка. Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на филијалите на штедилницата и преку јавни медиуми (СВТ)

Согласно Одл. од 17.12.2016