Дали ја знаете техниката како да добиете вакви сенчани парички? Земете неколку различни метални парички и ставете ги под лист хартија. Потоа со молив сенчајте врз хартијата каде што се паричките и тие ќе почнат да се отсликуваат на хартијата. Покажете им ја оваа техниката на Вашите дечиња и испратете ни го нивниот цртеж во коментар на објавата на Фејсбук. …
Од серијата запознај ги нашите колеги / колешки
Продолжуваме да ве запознаваме со нашите колеги / колешки и нивните хобија Нашата колешка Фани од филијалата во Битола своето слободно време ужива да го поминува во природа возејќи велосипед или одгледувајќи ги своите јаболкници. Особено се радува кога есента ќе ја најави бербата и ќе ги донесе овие толку сочни и вкусни јаболки. Значи Фани твоето омилено овошје е? …
Вонреден кредит за сите финансиски потреби во пензионерските денови
Пензионерските денови се убави затоа што имаме доволно време да посветиме на нашите најблиски и за реализирање на долго планираните идеи. Инвестирајте во нова кујна и направете ја најубавата пита за вашите внуци, реновирајте го домот или надополнете го домашниот буџет за оваа есен со помош на Вонредниот кредит на ФУЛМ Повеќе информации за условите: https://www.fulm.com.mk/krediti-2-2/vonreden-kredit-penzioneri/ Аплицирај онлјан на: www.fulm.com.mk/apliciraj-onlajn/ …
Децата на ФУЛМ и Интернационалниот ден на кредитни унии
Во активностите поврзани со Интернационалниот ден на кредитни унии ги вклучивме и најмалите, Децата на ФУЛМ и им дадовме мала задача да го обојат овогодинешниот постер за Интернационалниот ден на кредитни унии. Во прилог ви ги претставуваме нивните ремек-дела и како тие би го обоиле светот и:
ФУЛМ активностите за ICU Day споделени со целиот свет
Активностите кои ги направивме поврзани со Интернационалниот ден на кредитни унии и инспиративните пораки на студентите беа споделени со целиот свет од страна на Светскиот совет на кредитни унии На следниот линк може да се информирате кои беа активностите на ФУЛМ по повод прославата на72-иот Интернационалниот ден на кредитни унии https://www.woccu.org/newsroom/covid19_resources?post_id=2056#2056 Благодарие WOCCU
ICU Day – 2019
На 17.10.2019 на “Меѓународниот ден на кредитни унии” покажавме дека ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ! Прекрасна атмосфера во филијалите на ФУЛМ на дружење и хуманост преку донации од вработените и членовите, по повод “Меѓународниот ден на гладта”. Посакуваме уште многу вакви денови во иднина!
ICU Day – 2015
Да видиме во кој град се наоѓаат најталентираните наши членови-сликари. Ви ги претставуваме сликите кои беа изработени од нашите членови на светскиот ден на кредитни унии во сите филијали на Штедилница ФУЛМ низ Македонија. За најдобра слика беше прогласена сликата која ја изработија членовите од филијалата во Кавадарци
Среќен Интернационален ден на кредитните унии!
Среќен Интернационален ден на кредитните унии! Честитки од сите нас и од Управителот на Штедилница ФУЛМ М-р Елеонора Згоњанин Петровиќ по повод Интернационалниот ден на кредитни унии со желби за добро здравје и надеж за подобра иднина за сите. Во убаво расположение да го прославиме овој убав ден! Споделете ја со нас Вашата инспиративна порака за надеж







