Кире Цветановски, с.Бориево, Струмичко По завршување на средното образование во земјоделското училиште во Димитар Влахов во Струмица, имав желба да започнам сопствен бизнис со производство на слатки, торти и слични кондиторски производи. Благодарение на Штедилница ФУЛМ, како и добрите совети од вработените во филијалата во Струмица, кои ми помогнаа да подигнам кредит, преку кој обезбедив финансиски средства за набавка на …
Го завршив реновирањето на куќата навреме и ја дочекавме снашката како што треба!
Киро Спиров, Скопје Јас сум меѓу првите членови штедачи во ФУЛМ. Долго време ја користев услугата за штедење од плата (доброволен влог) и секогаш ми остануваа екстра заштедени пари за на летување, регистрација на кола и слично. Пред извесно време, синот ми соопшти радосна вест дека решил да се жени и пријатно ме изненади. Тоа беше дополнителна причина да побрзам …
Како студент, патување, учење и усовршување на странски јазици, а сега професор по германски јазик и успешна кариера!
Љубица Лазова, Кавадарци Член сум во ФУЛМ уште од јули 2013 година. Како студент на Филолошки факултет Скопје, прв пат земав кредит од Штедилница Фулм во филијалата Тиквешија во Кавадарци. Кредитот ми беше потребен за патување во Минхен, Германија, со цел учење и усовршување на Германскиот јазик,а воедно и да заработам џепарлак за време на летото како и повеќето млади. …
Штедилница ФУЛМ – поддржувач на креативноста на студентите
Штедилница ФУЛМ – поддржувач на креативноста на студентите во насока на идеи за одржлив развој на планетата Земја, на настанот “Ден на маркетери” кој се одржа на Економскиот Факултет-Скопје УКИМ на 24 Април 2015.
Работилница на тема "Ефективни стратегии за вработување и практична работа"
Студентите од Економскиот Факултет – Скопје учествуваа на работилница на тема “ефективни стратегии за вработување и практична работа”, одржана од управителот на Штедилница ФУЛМ, Г-ѓа Елеонора Згоњанин Петровиќ.
Саем на кариера
Штедилница ФУЛМ учествуваше на саемот на кариера, организиран на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово
Отворениот ден на УКИМ
Штедилница ФУЛМ беше присутна на Економскиот Факултет во Скопје на Отворениот ден на УКИМ одржан на 08.05.2015г. Отворена финансиска поддршка на студентите!
Со мала инвестиција до прекрасна живoтна промена
Љубица Кузмановска, Битола Благодарение на Штедилница ФУЛМ ми се оствари една од поодамнешните желби, со тоа што ми овозможија користење на кредит од 500 евра, кој го отплаќам во подолг период со пониска рата која јас како пензионер можам да си ја дозволам од мојата пензија. Родена сум во работничко семејство со уште еден брат и две сестри, па со …
Сон на секој студент Work&Travel
Никола Гроздановски, Битола Во животот, секој човек добива шанса да ги оствари своите соништа, но често при тоа се појавуваат одредени моменти кои претставуваат пречка за истото. Здраво, јас сум Никола Гроздановски од Битола, студент на Факултетот за информатика и компјутерски технологии – ФИКТ во Битола. Мојата желба беше да ја посетам Америка. Пред да се запишам на моите студии …
Пари со ,,алал” Цреши за мерак!
Ванчо Чавдаров (земјоделец), Струмица Струмичкиот регион е познат по поволната клима и услови за производство на многу видови на земјоделски култури. Бидејќи потекнувам од земјоделска фамилија од село, уште како млад ме интересираше оваа област и решив да се запишам на земјоделските струки при што и дипломирав на земјоделскиот факултет во Скопје. Бев вработен согласно струката во ЗИК Струмица опшествена …












