Ѓеврек по ѓеврек – успешна приказна

marija Вашите бизниси, Приказни за месец Јуни

Приказна за Ѓевречињата… Горанчо Петров, Кавадарци ,,Бев невработен и се прашував како да си го осмислам животот. Се обидов да работам на неколку места, за малку пари и без надеж и перспектива… Моментот кога ми падна на памет дека би можел да правам гевреци и да ги продавам, беше мојот среќен момент- пресвртница, иако во тоа време не мислев така… …

Вашата можност е моја инспирација и шанса за нови уметнички дела…

marija Приказни за месец Јуни

Миливоје Дубовина Да бидеш значи дека постоиш. За да постоиш потребна е инспирација , водилка ,цел во животот. Целта  е таа која не одсликува за тоа зошто постоиме,за  тоа што го работиме. Тоа што не инспирира е тоа што ни дава нов ден ,нова надеж,нови достигнувања за ново и подобро утре. Како дете кое се учи да оди и секој …

Со ново TAXI возило до самостојна и пристојна живеачка

marija Приказни за месец Јуни

Серафим Ристов Се викам Серафим Ристов, живеам во Струмица. Потекнувам од скромно работничко семејство. Живеам со сопругата, мајка ми и сестра ми. Повеќе години бев невработен, талкав , барав работа, но некако не ми успеваше. Затоа решив да започнам сопствен бизнис, со што би заработувал за мене и за моето семејство. Но како невработен, немав доволно средства за да ја …

Најголема радост! Услови за новиот член на нашето семејство

marija Приказни за месец Јуни

Гордана Сидовска, Скопје Најголема радост за секој родител е да ги гледа успесите на своите деца и да ги поддржува во тоа што го прават. Тоа секако, подразбираше еден ден, да можам да им изградам и сопствен дом, за да можат брачниот живот да го живеат самостојно. Во ноември 2016 година направивме свадба за помалиот син. Колку и да правевме …

Со сопствена тезга на пазар до пристоен живот

marija Приказни за месец Јуни

Измит Ибраими, Тетово Јас сум еден од 17-те илјади  задоволни членови на Штедилница ФУЛМ веќе 12 години . Како корисник на мала инвалидска пензија,  со  години едвај врзував крај со крај. Моите приходи не беа доволни за подмирување на животните потреби и основни трошоци за мене и и моето семејство . Морав да најдам решение за дополнителен извор на средства. …

Како да ги зачуваш заштедените пари и да завршип работа на рати!

marija Приказни за месец Јуни

Гордана Каевска, Скопје Пред 11 години, 2006 година, во приземните деловни простории, во зградата во која живеам во населбата Аеродром, дојдоа нови соседи, нова фирма. Со љубопитство набљудував, кои се, што работат. Надвор поставија реклама со 4 големи букви Ф-У-Л-М. Се обидував да одгатнам што значи кратенката, но признавам.. не успеав. Љубопитноста и комуникативноста победија и еден ден влегов. Вработените …

Дел со кредит, Дел со штедење Цела куќа!

marija Приказни за месец Јуни

Стојанчо Карачанаков, Скопје Пред 14 години, во месец Јули 2003-тата година, мојот животен пат ме донесе до просториите на Филијала ЈСП на Штедилница ФУЛМ. Токму во тој период ми се случуваше една голема промена во мојот живот – станав ,,млад” пензионер на 49 години. Во тоа време имавме куќа која беше дивоградба. Свесен бев дека мора да најдам решение и …

Кој бара – ќе најде, Кој работи – ќе успее!

marija Вашите бизниси, Приказни за месец Јуни

Виолета Илиевска, Скопје Мојата приказна почна одамна, помагајќи му на татко ми кој имаше тезга за земјоделски производи на Зелениот пазар во Скопје. Со години тој нѐ издржуваше, а јас бев постојано покрај него, помагајќи учев од него. Сѐ повеќе ме оставаше сама да продавам, се додека еден ден не се повлече целосно. Сама се грижев и за производството и …

Понекогаш во животот се случуваат чуда!

marija Приказни за месец Јуни

Бранко Јовановски, Скопје Чуствувајќи се млад и спремен за нови предизвици, наспроти моите полни 77 години, се одлучив да побарам кредит   за да и подарам дијамантски прстен на мојата љубена. Обиколив голем дел од банките во градов. На мое длабоко изненадување и разочарување во сите нив (без исклучок) наидував на еден ист (за мене несфатлив и апсолутно неоснован изговор) одговор: …

Ден на финансиска едукација во Градски парк, Скопје

marija Decata na FULM

Ден на финансиска едукација во Градскиот парк во Скопје. На настанот присуствуваа ученици од различни средни училишта и имаа можност да се запознаат со дел од активностите на Штедилница ФУЛМ, колку е значајно штедењето и колку се корисни кредитите доколку паметно се искористат. Штедилница ФУЛМ за сите кои запишаа цел за која би штеделе во иднина, обезбеди симболични подароци, а …