„Две даски" – успешен бизнис во време на корона

marija Бизнис во Корона, Вашите бизниси, Настани и Промоции, Приказни за месец Јуни

Александар Велковски од Скопје е управител на работилницата за обработка на дрво „Две даски” којашто ја основал на 30 август 2019 година.

Главна дејност на неговиот бизнис е изработка на најразлични производи од масивно дрво како што се маси, столови, кујнски даски, сандаци за пчели и др. 

Почетоците на својот бизнис финансиски ги поддржал со подигнување на кредит од Штедилница ФУЛМ и веќе 10 месеци успешно работи. Иако во последните неколку месеци се соочува со предизвици поради кризата со  коронавирусот,  тој вели дека работите почнувале да се враќаат во нормала откако се отвориле рестораните за коишто изработува кујнски даски и други производи од дрво. Во исто време добил работа на проект од невладина организација за изработка на сандаци за пчели и е оптимист и покрај новонастанатата вонредна ситуација

Аплицирај за кредит за поддршка на твојот бизнис

Дел од производите може да ги погледнете на инстаграм профилот на “Две Даски” на следниот линк

Работилницата на Александар се наоѓа на улица „Бутелска“ 15/6, населба Радишани, Скопје.

Контакт телефон: 070 655 007