Интервју со Моника Стоиловска, добитник на ФУЛМ студентска стипендија за 2018

Филип Неделковски Настани и Промоции, Студенти

Продолжуваме со серијата од интервјуа со досегашните добитници на ФУЛМ студентска стипендија. Каде се во моментов и што имаат да ви препорачаат доколку сакате се пријавите на Натпреварот за студентска стипендија?

Прочитајте ги одговорите подолу од целото интервју со добитникот на ФУЛМ студентска стипендија, Моника Стоиловска

1. Што правите во моментов? (Студирате, работите или барате работа?)
Студирам општа медицина на Медицинскиот факултет во Скопје

2. Кои се Вашите кариерни цели и во која област би сакале да ја насочите Вашата едукација понатаму?
Мојата цел е да ги завршам студиите и да се вработам според образованието, а не ја исклучувам и можноста да се едуцирам во сферата на бизнисот со тоа што би посетувала курс,пракса.
3. Дали би сакале да посетувате пракса во ФУЛМ ?
Да со големо задоволство бидејќи знам дека ќе учам од едни од најдобрите кои несебично би ми го пренеле нивното знаење.

4. Дали мислевте дека е наместен натпреварот кога аплициравте за студентската стипендија ?
Да на почетокот,кога мислев дека победникот ќе биде прогласен врз основа на собрани гласови на facebook,но потоа кога дознав дека сепак на крај одлучува комисја го сменив своето мислење.
5. Како се чуствувавте кога дознавте дека сте добитник на стипендија?
Се чувствував гордо,задоволна и среќна од постигнатиот успех.

6. За што ги наменивте средствата добиени од стипендијата ?
Делумно ги наменив за тековните студии,а останатите за одмор и рекреација.

7. Што би им препорачале на студентите кои сакаат да учествуваат во следниот натпревар за стипендија?
На сите што сакааат да учествуваат на натпреварот им препорачувам пред се да бидат веруваат во себе,во своте идеи но и да бидат сигурни дека се работи за фер натпревар и дека комисијата го избира најдобриот.

8. Што нас би ни преопoрачале како да ја промовираме стипендијата за повеке студенти да дознаат за натпреварот ?
Јас би ви препорачала да може конкурсот да се прошири на социјалните мрежи особено на офицјалните страни на сите факултети, и на нивните фб страни,преку кои ќе се информираат голем број студенти.

 

Дали можеби ти си следниот добитник на ФУЛМ студентската стипендија? Прифати го предизвикот и аплицирај на шестиот по ред ФУЛМ Натпревар за студентска стипендија!

 
 
Ти посакуваме успех!