Интервју со првиот добитник на ФУЛМ студентска стипендија

marija Настани и Промоции, Студенти

Започнуваме со серија од интервјуа со досегашните добитници на ФУЛМ студентска стипендија. Каде се во моментов и што имаат да ви препорачаат доколку сакате се пријавите на Натпреварот за студентска стипендија? Прочитајте ги одговорите подолу од целото интервју со првиот добитник на студентска стипендија, Ангела Буровска

1.Што правите во моментов? (Студирате, работите или барате работа?) 

Во моментов работам како финансиски асистент и студирам на мастер студии на Економскиот факултет.

2.Кои се Вашите кариерни цели и во која област би сакале да го насочите Вашето образование понатаму?

После една година искуство во областа на корпоративните финансии, се одлучив моето знаење да го надоградам со мастер студиите по корпоративен финансиски менаџмент. Моите кариерни цели се поврзани токму со областа на финансиите.

3.Дали мислевте дека натпреварот е наместен кога аплициравте за студентската стипендија ?

Секако дека не.

4.Како се чувствувавте кога дознавте дека сте добитник на стипендија?

Кога дознав дека сум добитник на стипендијата чувствував неизмерна среќа и гордост кон самата себе заради тоа што целиот вложен труд во пишување на есејот кој беше поврзан со значењето на кредитните унии на крај беше признаен од страна на компанија како што е штедилница ФУЛМ. Тоа што бев во првата година од моите студии и воопшто прв стипендист на ФУЛМ дополнително ме мотивираше да продолжам со истото темпо понатаму.

5. За што ги наменивте средствата добиени од стипендијата ?

Средствата ги наменив за покривање на трошоците за факултет.

6. Што би им препорачале на студентите кои сакаат да учествуваат во следниот натпревар за стипендија?

Кога ќе се навратам наназад на студентските денови, како еден од најдрагите успеси од тој период ми е токму оваа стипендија и затоа би им препорачала на сите студенти да вложуваат во себеси преку ваков тип на стекнување на знаење, да не се откажуваат и да го дадат својот максимум.

7. Што би ни препoрачале како да ја промовираме стипендијата за повеке студенти да дознаат за натпреварот ?

Доколку зборуваме за Економски факултет, сметам дека најдобро место за промовирање на стипендијата е преку Центарот за кариера и самиот факултет.

 

Дали можеби ти си следниот добитник на ФУЛМ студентската стипендија? Прифати го предизвикот и аплицирај на шестиот по ред ФУЛМ Натпревар за студентска стипендија!

Аплицирај на: https://www.fulm.com.mk/natprevar-za-studentska-stipendija-2020/

Ти посакуваме успех!