Соопштенија до јавност

Заштита на приватност

ПРАВИЛА
ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТ
на корисниците на услуги
на Штедилница ФУЛМ Д.О.О СКОПЈЕ
Заштитата на личните податоци Штедилница ФУЛМ ја обезбедува за своите коминтенти, вработените и други субјекти на личните податоци, чии податоци по било кој основ и било кој начин се обработуваат во Штедилницата.

1. Личните податоци во Штедилница ФУЛМ се: обработуваат во согласност со закон, собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели, соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат; точни, целосни и ажурирани, при што ќе се избришат или корегираат податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле собрани или обработени; чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на лични податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за понатамошна обработка; обработуваат врз основа на дадена согласност на субјекотот на лични податоци.

2. Штедилница ФУЛМ ќе обезбеди целосна доверливост, интегритет и заштита на личните податоци согласно законската регулатива и во согласност со одредбите од Правилникот за заштита на личните податоци.

3. Обработка на лични податоци во Штедилницата по правило се врши врз основа на дадена согласност на субјектот на лични податоци. По исклучок Штедилница ФУЛМ без посебна согласност од субјектот на лични податоци ќе обработува лични податоци кога обработката е потребна заради: извршување на договор во кој субјектот на лични податоци е договорна страна или на барање на субјектот на лични податоци пред негово пристапување на договорот; исполнување на законска обврска на Штедилницата и други случаи определени со закон.

4. Штедилницата ФУЛМ корисникот на услугата ќе го информира и од него ќе побара одвоена писмена согласност за директен маркетинг. Оваа согласност не смее да го условува обезбедувањето на редовните услуги. Субјектот на лични податоци има право во секое време да ја повлече дадената согласност за директен марктинг со поднесување на писмено барање до Штедилница ФУЛМ.

5. Единствениот матичен број на субјектот на лични податоци се обработува врз основа на предходна согласност на субјектот на лични податоци или под услови утврдени со закон, заради идентификација на субјектот на лични податоци, остварување на правата или обврските на субјектот на лични податоци или Штедилницата и во други случаи определени со закон. Штедилница ФУЛМ води сметка единствениот матичен број на коминтентот да не биде непотребно видлив, печатен или преземен од збирка на лични податоци.

6. Субјектот на личните податоци има право на увид и исправка на податоците што Штедилницата ги обработува за него, освен во случаите предвидени со закон. Субјектот на личните податоци може со писмено барање да оствари увид во збирката на лични податоци. Писменото барање може да го достави до Штедилница ФУЛМ.

7. За да обезбеди тајност и заштита на обработката на личните податоци на субјектот, Штедилница ФУЛМ применува соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци. Штедилница ФУЛМ ќе ги даде личните податоци на користење на корисник врз основа на писмено барање на корисникот, доколку тие се потребни за извршување на работи во рамките на со закон утврдени надлежности на корисникот. Штедилница ФУЛМ води евиденција за личните податоци кои се дадени на корисникот.

8. Субјектите на личните податоци може во секое време да го пријават секој случај на повреда на принципите на заштита на личните податоци, со упатување на писмена пријава до Комитетот за заштита на лични податоци на Штедилница ФУЛМ.

9. Сите вработени во Штедилница ФУЛМ се должни во согласност со законската регулатива и интерните политики и процедури на Штедилницата, да се грижат за заштита на личните податоци. Вработените во Штедилница ФУЛМ се должни секој случај на повреда на заштитата на лични податоци до Овластеното лице за заштита на лични податоци на Штедилница ФУЛМ.

Правна напомена

Секое лице кое има пристап до веб-сајтот на Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје во worldwide web (www.ФУЛМ.com.mk), е согласен со следното:

Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје редовно ги ажурира податоците кои се наоѓаат на овој web сајт.

Објавените податоци се исклучиво од информативен карактер, така што постои можност за промена на податоците во периодот меѓу две ажурирања.

Од тие причини Штедилница ФУЛМ не преvзема никаква одговорност ниту пак гарантира за точноста, веродостојноста или потполноста на информациите кои ги содржи нашиот web сајт.

Податоците кои се достапни на сајтот кои се од информативен карактер не смеат да се користат за други цели.

Штедилница ФУЛМ не одговара за евентуални штети кои настанале со користење на податоците на овој сајт.

Штедилница ФУЛМ го задржува правото да ги менува податоците кои се наоѓаат на сајтот во било кое време, без претходна најава.

Пред да се одлучите за било кој производ или услуга на Штедилница
ФУЛМ Ви предлагаме да се консултирате со стручните лица од Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, кои Ви стојат на располагање за сите прашања во сите наши
филијали низ Република Македонија.

Штедилница ФУЛМ го задржува правото да го одбие барањето без
дополнително објаснување
.

Целата содржина на web сајтот на Штедилница ФУЛМ е предмет на авторско право. Умножување, копирање, дистрибуција и користење на целиот или поединечен дел од податоците кои се достапни на сајтот на Штедилница
ФУЛМ не е дозволено без претходно одобрение од Штедилница ФУЛМ.