Успешна жена претприемач во услови на корона

marija Бизнис во Корона, Вашите бизниси, Настани и Промоции, Приказни за месец Јуни

Штедилница ФУЛМ заедно со Глобалната мрежа на жени лидери имаат за цел да ги поттикнат жените да направат значајни разлики во нивниот живот, во животот на членовите на нивната кредитна унија и нивната заедница, преку обезбедување можности и средства за тоа.

Една од тие жени лидери кои прават значајни разлики во нивната средина е Силвана од село Бориево, Струмичко. Таа во Ноември 2018та ја основа продавницата ВЕРВАС – ПРОМЕТ, каде може да се набават прехрамбени и производи за широка потрошувачка.  Продавницата е целосно управувана и менаџирана од Силвана.

Во периодот на Коронавирус-криза поголеми падови во прометот на продавницата не се случиле, поради секојдневната потреба од прехрамбени производи кај луѓето. Додека заради новонастанатата ситуација воведовме дополнителни мерки за заштита како држење растојание, носење маска и одржување на редовна хигиена на рацете во просторот на продавницата – вели Силвана

Во 2018 Силвана доби кредит од Штедилница ФУЛМ за старт на нејзиниот бизнис. Таа ни ја раскажа својата приказна за тоа како една жена се бори во животот и е подготвена да преземе ризик и да се впушти сама да води сопствен бизнис. Се разбира, нејзината СТАРТ – АП бизнис идеја ја наградивме со ЛАП ТОП .Честитки Силвана! Да ви се множат успесите!

Аплицирај за кредит за поддршка на твојот бизнис

ВЕРВАС – ПРОМЕТ се наоѓа во село Бориево, 152, Струмица