W&T искуството на Ѓорѓи Митревски

Филип Неделковски Uncategorized @mk, Настани и Промоции, Студенти

Ѓорѓи Митревски, Кавадарци

Лето 2018 за првпат аплицирав на програмата ‘Work and Travel’ во САД, добив виза и отидов да работам во градот ‘Myrtle Beach’ во државата ‘South Carolina’, каде што температурите цело лето беа околу 40 степени целзиусови.

Работа добив во Старбакс Кафе, работата беше многу интересна и во постојан контакт со туристи и тоа ми помогна да го подобрам мојот англиски јазик.

Едно големо искуство во кое што студентите се запознаваат со секојдневни проблеми и сами си ги решаваат, запознавање на нови пријатели од сите страни на светот, на крај на програмата секако секој си организира прошетка во познатите градови низ САД

Благодарам на Штедилница ФУЛМ за финансиската поддршка при реализација на моето прво и незаборавно Work&Travel искуство

Аплицирај за Work&Travel кредит

Следното лето 2019 повторно аплицирав, но на место сосема спротивно од претходната година, градот ‘Anchorage’ во државата Алјаска температури околу 15 степени целзиусови.

Оваа година работев во една од најголемите атракции во Алјаска ‘RV trip’, бевме задолжени за одржување на тие ‘Камп-Комбиња(RV)’. Туристи од цел свет доаѓаа на одмор во преубавата Алјаска и ги изнајмуваа тие кампови за авантури низ преубавите планински места на Алјаска.

Исто како и претходната година, се запознав со многу култури од целиот свет, стекнав нови пријателства со студенти од Азија, Европа, Јужна Америка.

Програмата ‘Work and Travel’ ја препорачувам на секој студент затоа што преку оваа програма се запознавате со начинот на живот во други држави и имате можност да прошетате низ многу од познатите градови во САД. 

Аплицирај на: www.fulm.com.mk/online

или во филијалите: www.fulm.com.mk/kontakt

Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање

Погледнете во табелата колку би ве чинело доколку подигнете и навремено отплаќате кредит за Work&Travel од 120.000 денари од ФУЛМ.

Аплицирај онлајн

Калкулатор

Контакт

Превземи барања

Листа на кредити

 

 

Тип на кредит
СТУДЕНТИ ЗА СТУДЕНТ
Целна група За студенти на сите домашни и странски универзитети и факултети на сите нивоа на студии (додипломски, постдипломски и докторски студии), редовни и вонредни студенти, како и за лица кои имаат потреба од продолжување на образованието.
Намена · За партиципација за упис на семестар

· За набавка на литература или стручни помагала

· За обуки, курсеви, студентски размени или екскурзии

Износ на кредитот Од 10.000 до 150.000 МКД – денарски кредит*
Рок на отплата • 24, 36, и 48 месеци
Потребно обезбедување • Заверка на меница
Каматни стапки Годишна, променлива каматна стапка* (СВТ)
Начин на плаќање • Месечно со примена на методот на ануитетни плаќања (месечни рати) – за кредити со рок на отплата од 24, 36, и 48 месеци
Надомест • Надоместите се пресметуваат врз основа на Тарифата на Штедилница ФУЛМ на денот на склучување на Договорот
Минимум критериуми за кредитот • Физички лица, државјани на Република Македонија
• Корисникот на кредит мора да биде член во ФУЛМ
Минимум потребна документација при аплицирање за кредит Барање за кредит, фотокопија од индекс/легитимација/потврда и важечки документ за лична идентификација, и/или

Барање за жирант/и и фотокопија од документ за лична идентификација

Предност · Исплата во готово или на трансакциска сметка

· Не се наплаќа надомест за предвремено затварање на кредитот

· Поповолни услови при повторно аплицирање за кредит

* Валута МКД: денарски кредит. Почнувајќи од 01.09.2015 година, новоодобрените кредити нема да имаат валутна клаузула за заштита од девалвација. Сите исплатени кредитни партии заклучно со 31.08.2015 година имаат валутна клаузула само за заштита од девалвација.

*Денарски кредит. Почнувајќи од 01.09.2015 година, новоодобрените кредити нема да имаат валутна клаузула за заштита од девалвација. Сите исплатени кредитни партии заклучно со 31.08.2015 година имаат валутна клаузула само за заштита од девалвација

Согласно Одл. од 17.12.2016

 

Калкулатор

Контакт

Превземи барања

Аплицирај онлајн

Листа на кредити